Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да учиме од... Лидија

Да учиме од... Лидија

Да учиме од... Лидија

Иако штотуку станала христијанка, Лидија не чека некој да ѝ каже, туку веднаш ги поканува Павле и неговите сопатници во својот дом (Дела 16:14, 15). Така има извонредна прилика да ужива во друштвото на овие ученици. А откако Павле и Сила се пуштени од затвор, каде одат? Пак кај Лидија! (Дела 16:40).

Исто како Лидија, можеш ли и ти да го направиш првиот чекор за подобро да ги запознаеш другите? Почни со мали работи. Би можел да си поставиш цел да почнеш разговор со некој кога си во друштво. На пример, би можел на секој состанок да се потрудиш да зборуваш со некој друг. Труди се да имаш насмевка на лицето. Ако не знаеш што да кажеш, поставувај прашања или кажи нешто за себе. Биди добар слушател. Со текот на времето, можеби ќе се опуштиш и ќе зборуваш повеќе. Луѓето обично возвраќаат на искрени, пријатни и љубезни зборови (Изреки 16:24). Бидејќи била пријатна и гостољубива, Лидија имала добри пријатели. Ако се трудиш да бидеш како неа, и ти ќе најдеш добри пријатели!