Префрли се на текстот

Зошто Јеховините сведоци одат од куќа до куќа?

Зошто Јеховините сведоци одат од куќа до куќа?

 Исус им рекол на своите следбеници да ,прават ученици од луѓето од сите народи‘ (Матеј 28:19, 20). На своите први ученици им дал задача да одат во домовите на луѓето (Матеј 10:7, 11-13). По смртта на Исус, христијаните од првиот век продолжиле да ја шират таа порака и „јавно и одејќи од куќа до куќа“ (Дела 5:42; 20:20). Ние го следиме примерот на тие рани христијани и сме утврдиле дека службата од куќа до куќа е еден добар начин да се дојде до луѓето.