Префрли се на текстот

Дали мора да станам Јеховин сведок ако ја проучувам Библијата со некого од нив?

Дали мора да станам Јеховин сведок ако ја проучувам Библијата со некого од нив?

 Не, тоа не се очекува од никој што ја проучува Библијата со нас. Милиони луѓе го прават тоа без да станат Јеховини сведоци. a Целта на библискиот курс е да ти помогне да дознаеш што учи Божјата Реч. Каква одлука ќе донесеш откако ќе дознаеш повеќе за Библијата зависи само од тебе. Сметаме дека верата е лична работа (Исус Навин 24:15).

Дали во текот на проучувањето може да ја користам мојата Библија?

 Да. Иако ние го користиме Светото писмо — превод Нов свет кој е напишан на современ јазик и му даваме бесплатен примерок на секој што сака, можеш слободно да ја користиш твојата Библија. Библиската порака за подобра иднина можеш да ја дознаеш од речиси секој библиски превод.

Зошто водите курсеви со луѓе што не планираат да ја сменат својата вера?

  •   Пред сѐ, тоа го правиме од љубов кон Јехова Бог, кој сака христијаните да ги поучуваат другите за она што самите го научиле (Матеј 22:37, 38; 28:19, 20). Сметаме дека за нас нема поголема чест од тоа да бидеме „Божји соработници“ и да им помагаме на другите да дознаат што вели Божјата Реч (1. Коринќаните 3:6-9).

  •   Освен тоа, ги сакаме нашите ближни (Матеј 22:39). Тоа што можеме да им ги кажеме на другите прекрасните работи што сме ги дознале од Библијата ни носи голема радост (Дела 20:35).

a На пример, во текот на 2023 год., секој месец се водеа 7.281.212 библиски курсеви. На многу од тие курсеви присуствуваа повеќе луѓе, а не само едно лице. Сепак, таа година како Јеховини сведоци се крстија само 269.517 лица.