Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Можно ли е да се биде задоволен?

Можно ли е да се биде задоволен?

Можно ли е да се биде задоволен?

„Задоволниот човек е богат дури и ако е сиромашен, а незадоволниот човек е сиромашен дури и ако е богат“ (Бенџамин Франклин)

КАКО што покажуваат овие зборови, многу луѓе сфатиле дека среќата и внатрешното задоволство не можат да се купат со пари. Не е ништо чудно што чувството на задоволство, односно внатрешна среќа и исполнетост, изгледа недостижно во еден свет во кој се подгрева желбата да се има повеќе, да се постигне повеќе или да се живее онака како што живеат другите! Дали врз тебе влијаела некоја од следниве работи?

• Рекламната индустрија упорно сака да ти наметне чувство дека ќе бидеш задоволен само ако го купиш она што е најново на пазарот.

• Конкуренцијата на работното место или ривалството на училиште те тера да ја мериш својата вредност според она што можат да го направат другите.

• Луѓето се неблагодарни што и да направиш за нив.

• Им завидуваш на пријателите за она што го имаат.

• Немаш одговор на најважните прашања за животот.

Со оглед на ваквите предизвици, дали е навистина можно човек да биде задоволен во животот? Апостол Павле зборувал за тоа ‚како да се биде задоволен‘. Понекогаш имал сѐ во изобилство, а понекогаш имал многу малку. Пријателите му се восхитувале, но другите му се потсмевале. Сепак, Павле рекол дека ‚научил како да биде задоволен во секакви околности‘ (нагласено од нас; Филипјаните 4:11, 12).

Внатрешното задоволство е нешто непознато за оние што никогаш не се потрудиле да го стекнат. Но, како што рекол Павле, тоа може да се научи. Божјата Реч, Библијата, ни открива пет чекори што ќе ни помогнат да бидеме задоволни во животот.