Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Задоволи ги своите духовни потреби

Задоволи ги своите духовни потреби

Чекор 5

Задоволи ги своите духовни потреби

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА? „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3).

ЗОШТО НЕ Е ЛЕСНО? Постојат илјадници религии, а многу од нив нудат противречни начини да ги задоволиш своите духовни потреби. Како можеш да дознаеш која од тие религии ја кажува вистината и го има Божјето одобрување? Некои угледни автори тврдат дека не е логично, па дури е и штетно да се верува во Бог. Во списанието Maclean’s се изнесени гледиштата на еден истакнат атеист: „Овој христијански концепт, дека има нешто што науката не може да го докаже и што нашите сетила не можат да го регистрираат... го спушта нашиот живот на многу ниско ниво и нѐ прави склони кон насилство“.

ШТО МОЖЕШ ДА СТОРИШ? Испитај ги доказите кои потврдуваат дека постои Бог (Римјаните 1:20; Евреите 3:4). Не дозволувај никому да те одврати од потрагата по одговор на важни прашања, како што се овие: ‚Зошто постоиме? Постои ли живот по смртта? Зошто има толку страдања? Што бара Бог од мене?‘ За да бидеш вистински задоволен во животот, неопходно е да најдеш одговор на овие прашања.

Меѓутоа, не прифаќај без размислување сѐ што ти велат другите. Божјата Реч те охрабрува да го користиш својот „разум“ за да се увериш што е прифатливо за Бог (Римјаните 12:1, 2). Ќе бидеш награден за твојот труд. Ако си одвоиш време да ја проучуваш Библијата и ако ги применуваш нејзините практични совети, ќе избегнеш проблеми, ќе си го намалиш стресот и повеќе ќе му се радуваш на животот. Ова не се само празни зборови. Милиони луѓе од различно потекло извлекле корист од тоа што ја дознале вистината за Бог и за неговите намери. Како потврда за тоа, прочитај ги вистинитите животни приказни на страници 18-21 од ова списание.

Додека ги применуваш мудрите совети од Библијата, ќе се продлабочува твојата оддаденост на Бог. Зошто не ја прифатиш поканата да ја проучуваш Библијата со Јеховините сведоци? Ако го сториш тоа, сигурно ќе увидиш колку се вистинити зборовите на апостол Павле: „Оддаденоста на Бог е извор на голема добивка, кога човек е задоволен со она што го има“ (1. Тимотеј 6:6).

[Слика на страница 8]

Увери се што е прифатливо за Бог