Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА МОЖЕ ДА ТИ БИДЕ ИНТЕРЕСНА!

Како да почнеш да ја читаш Библијата?

Како да почнеш да ја читаш Библијата?

Како да уживаш во читањето на Библијата и подобро да ја разбереш? Да разгледаме пет предлози.

Читај во пријатен амбиент. Најди тивко место за читање. Пробај да се тргнеш од сѐ што би можело да те деконцентрира. Добрата осветленост и свежиот воздух помагаат да извлечеш најголема корист од читањето.

Читај со исправен став. Бидејќи Библијата е книга од нашиот небесен Татко, читај ја како едно дете што сака да учи од својот добар и грижлив родител. Ако имаш некои негативни, однапред создадени заклучоци за Библијата, тргни ги настрана и дозволи Бог да те поучува (Псалм 25:4).

Помоли се пред да читаш. Во Библијата се запишани мисли од Бог, па затоа не е за изненадување што ни е потребна помош за да ја разбереме. Бог ветил дека „ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа“ (Лука 11:13). Светиот дух ќе ти помогне да сфатиш како размислува Бог. Така, со текот на времето ќе ги разбереш „дури и Божјите длабочини“ (1. Коринќаните 2:10).

Читај со цел да разбереш. Немој само да прелетуваш преку страниците. Размислувај за она што го читаш. Поставувај си прашања како, на пример: „Какви особини гледам кај личноста за која читам? Како може ова да ми користи во животот?“

Постави си конкретни цели. За да извлечеш корист од читањето, постави си цел да научиш нешто што ќе те збогати како личност. Таква цел може да ти биде подобро да го запознаеш Бог, или, пак, да станеш подобар човек, подобар сопруг или подобра сопруга. Потоа, избери кои делови од Библијата ќе ги читаш за таа цел. *

Овие пет предлози ќе ти помогнат да започнеш со читањето. Но, како може тоа да ти стане поинтересно? Следната статија зборува за тоа.

^ пас. 8 Ако не си сигурен кои делови да ги читаш, Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат.