Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Francesco Carta fotografo/Moment via Getty Images

Осаменоста, сѐ поголем проблем — што вели Библијата?

Осаменоста, сѐ поголем проблем — што вели Библијата?

 Според еден неодамнешен глобален извештај, a секој четврти човек се чувствува осамено.

  •   „Социјалната изолација може да влијае на секого и не познава ниту возраст ниту граници“ (Чидо Мпемба, ко-претседател на Комисијата за социјални врски при Светската здравствена организација).

 Некои мислат дека осаменоста ги погодува само постарите луѓе и оние што се сами. Но, осамено може да се чувствуваат и оние кои се млади, здрави, успешни и во брак. Социјалната изолација и осаменоста можат сериозно да влијаат врз физичкото и емоционалното здравје на луѓето.

  •   „Осаменоста е многу повеќе од само лошо чувство“, рекол д-р Вивек Мурти, генерален хирург на САД. Тој додава: „Осаменоста може да предизвика толкава смртност колку и пушењето 15 цигари дневно“.

Што вели Библијата

 Нашиот Творец не сака да бидеме изолирани од другите. Божјата намера отсекогаш била луѓето да уживаат во добро и пријатно друштво.

  •   Библиско начело: „Бог рече: ’Не е добро човекот да биде сам‘“ (1. Мојсеева 2:18).

 Бог сака да станеме пријатели со него. Тој ветува дека ќе биде близок со нас доколку ние вложиме труд да станеме блиски со него (Јаков 4:8).

  •   Библиско начело: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби, зашто нивно е царството небесно“ (Матеј 5:3).

 Бог сака да го обожаваме него заедно со други луѓе. Кога го правиме тоа, се чувствуваме посреќно.

  •   Библиско начело: „Да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела, и да не ги пропуштаме нашите состаноци... туку да се храбриме еден со друг“ (Евреите 10:24, 25).

 Нешто повеќе за тоа зошто е важно да се бориме против осаменоста, можеш да прочиташ во статијата „Осаменост во свет на масовна комуникација“.

a The Global State of Social Connections, by Meta and Gallup, 2023.