1. Мојсеева 2:1-25

2  Така беа довршени небото и земјата и сѐ што е на нив.*+  До седмиот ден Бог го доврши своето дело што го беше направил, и во седмиот ден почна да почива од сето свое дело што го беше направил.+  И Бог го благослови седмиот ден и го посвети, зашто во тој ден си отпочина од сето свое дело. Така Бог го создаде сето она што беше наумил да го направи.+  Ова е историјата на создавањето на небото и на земјата во денот кога Јехова* Бог ги направи земјата и небото.+  А на земјата уште немаше никакви полски грмушки и уште не беа никнале никакви полски растенија, бидејќи Јехова Бог уште не беше пуштил дожд+ на земјата и немаше човек за да ја обработува земјата.  Но, од земјата се креваше магла,+ која ја наводнуваше целата површина на копното.+  Тогаш Јехова Бог го направи човекот од земниот+ прав+ и му дувна во носниците здив на животот,+ и човекот стана жива душа.+  Јехова Бог насади и градина во Еден,+ кон исток, и таму го смести човекот што го беше направил.+  Така Јехова Бог направи да никнат од земјата секакви дрвја привлечни за гледање и добри за јадење, како и дрвото на животот+ среде градината и дрвото на спознанието на доброто и злото.+ 10  А од Еден истекуваше река што ја наводнуваше градината, и таа оттаму се делеше на четири ракави. 11  Првиот се вика Фисон — тој тече околу целата земја Авила,+ каде што има злато. 12  А златото од таа земја е добро.+ Таму има и смола од бделиум*+ и камен оникс.+ 13  Втората река се вика Гион — таа тече околу целата земја Хус. 14  Третата река се вика Хидекел*+ — таа тече источно од Асирија.+ А четвртата река е Еуфрат.+ 15  И Јехова Бог го зеде човекот и го смести во градината Еден+ за да ја обработува и да се грижи за неа.+ 16  Тогаш Јехова Бог му заповеда на човекот: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш до ситост.+ 17  А од дрвото на спознанието на доброто и злото не смееш да јадеш, зашто во оној ден кога ќе каснеш од него, сигурно ќе умреш“.+ 18  Потоа Јехова Бог рече: „Не е добро човекот да биде сам. Ќе му направам помошничка, како негово дополнение“.+ 19  А Јехова Бог ги создаваше* од земја сите полски диви животни и сите небесни суштества што летаат и ги доведуваше пред човекот за да види како ќе го нарече секое суштество. И како што човекот ќе го наречеше секое од нив, секоја жива душа,+ така му беше името.+ 20  И човекот им даде имиња на сите домашни животни и на сите небесни суштества што летаат и на сите полски диви животни, но за човекот не се најде помошничка како негово дополнение. 21  Затоа Јехова Бог пушти длабок сон+ врз човекот и, додека тој спиеше, му зеде едно ребро, а местото го затвори со месо. 22  Од реброто што го зеде од човекот, Јехова Бог направи жена и му ја доведе на човекот.+ 23  Тогаш човекот рече:„Најпосле, еве коска од моите коскии месо од моето месо.+Нека се вика Жена*зашто од мажот е земена!“+ 24  Затоа човек ќе ги остави татка си и мајка си+ и ќе се прилепи до својата жена, и тие двајцата ќе станат едно тело.+ 25  А обајцата беа голи,+ мажот и неговата жена, но не се срамеа.+

Фусноти

Буквално: „сета нивна војска“.
Ова е првото место во хебрејскиот текст на кое се појавува Божјето лично име (во облик на тетраграмот ЈХВХ). Види го додатокот 1.
Бделиумот е мирислива смола слична на смирната.
Хебрејското име за Тигар.
Или: „продолжи да ги обликува“, бидејќи сѐ уште траел шестиот ден на создавањето. Глаголот „обликува“, кој во хебрејскиот текст е во несвршен вид, овде означува продолжено дејство кое се одвива постепено. Види ја фуснотата за 1Мо 1:3.
Буквално: „човечица“. На хебрејски игра на зборови — човек (маж): иш; жена: ишша.