Префрли се на текстот

Зошто луѓето не можат да воспостават мир во светот?

Зошто луѓето не можат да воспостават мир во светот?

Што вели Библијата:

 Луѓето не успеале да воспостават мир во светот и никогаш нема да успеат во тоа од следниве причини:

  •   „Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23). Луѓето не биле создадени ниту со способност ниту со право да владеат едни над други. Затоа не можат да воспостават траен мир.

  •   „Немајте доверба во достоинствениците, ниту во некој друг земен човек, од кого нема спасение! Духот му излегува, и тој се враќа во својот прав — во тој ден пропаѓаат неговите мисли“ (Псалм 146:3, 4). Политичарите, дури и оние што имаат најдобри намери, не можат да изнајдат трајни решенија за проблемите што водат до војни.

  •   „Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат... сурови, без љубов кон добротата, предавници, своеглави, горди“ (2. Тимотеј 3:1-4). Живееме во „последните денови“ на сегашниов злобен свет, време кога ставовите на луѓето се пречка за воспоставување на мир.

  •   „Тешко вам, земјо и море, зашто Ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, знаејќи дека има кратко време“ (Откровение 12:12). Божјиот непријател, Ѓаволот, е исфрлен на Земјата и ги наведува луѓето да бидат злобни како него. Сѐ додека тој е „владетелот на овој свет“, нема да има мир (Јован 12:31).

  •   „[Божјето Царство] ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства [кои му се противат на Бог], а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44). Нашата желба за свет во кој ќе царува мирот нема да ја исполни некоја човечка влада, туку Божјето Царство (Псалм 145:16).