Префрли се на текстот

Како можеш да го надминеш стравот од смртта?

Како можеш да го надминеш стравот од смртта?

Што вели Библијата:

 Нормално е да се плашиме од смртта и да преземеме разумни мерки за да се заштитиме (1. Коринќаните 15:26). Сепак, претераниот страв од смртта кој е предизвикан од лажни учења или суеверие ги прави луѓето робови (Евреите 2:15). Ако ја дознаеме вистината за смртта, ќе се ослободиме од претераниот страв кој може да нѐ спречи да му се радуваме на животот (Јован 8:32).

Вистината за смртта

  •   Мртвите не се свесни за ништо (Псалм 146:4). Не треба да се плашиш дека, откако ќе умреш, ќе се мачиш или ќе трпиш некаква болка. Во Библијата смртта е споредена со сон (Псалм 13:3; Јован 11:11-14).

  •   Мртвите не можат да ни направат ништо лошо. Дури и оние што ни биле непријатели, по смртта немаат никаква моќ (Изреки 21:16). Во Библијата пишува дека, откако ќе умрат, ,нивната омраза и нивната љубомора ќе ги снема‘ (Проповедник 9:6).

  •   Оние што умреле имаат надеж повторно да живеат на Земјата. Во Библијата пишува дека ќе има воскресение (Јован 5:28, 29; Дела 24:15).

  •   Бог ветува дека во иднина ,повеќе нема да има смрт‘ (Откровение 21:4). Во врска со тоа време, во Библијата стои: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29). Тогаш, ниту еден човек нема да се плаши од смртта.