Префрли се на текстот

Дали историјата потврдува дека Исус постоел?

Дали историјата потврдува дека Исус постоел?

 Историјата дава цврста основа да веруваме дека Исус постоел. Во врска со извештаите на историчарите од првиот век за Исус и првите христијани, во една енциклопедија пишува: „Ваквите извештаи кои се независни еден од друг докажуваат дека, во минатото, дури и противниците на христијанството не се сомневале дека Исус навистина постоел. Постоењето на Исус првпат почнало неосновано да се оспорува кон крајот на 18 век, а продолжило и во текот на 19 век и во почетокот на 20 век“ (Encyclopædia Britannica, издание од 2002 год.).

 Во една книга од 2006 год. пишува: „Ниеден угледен изучувач во денешно време не го доведува во прашање постоењето на еден Евреин по име Исус, син на Јосиф. Повеќето се согласуваат дека денес знаеме прилично многу за неговиот живот и учења“ (Jesus and Archaeology).

 Библијата потврдува дека Исус навистина постоел. Во неа се наведени имињата на неговите предци и на неговото потесно семејство (Матеј 1:1; 13:55). Исто така, таа ги открива имињата на некои владетели и на некои други луѓе во времето на Исус (Лука 3:1, 2). Овие детали им овозможуваат на историчарите да ја проверат точноста на библиските извештаи.