Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Зошто во Библијата има пророштва?

Зошто во Библијата се опишани настаните што се случуваат во наше време? (Лука 21:10, 11)

Во Библијата се запишани многу детални пророштва. Ниту еден човек не може толку точно да ја предвиди иднината. Затоа, исполнувањето на библиските пророштва е непобитен доказ дека Библијата е Божја Реч. (Прочитај Исус Навин 23:14; 2. Петрово 1:20, 21.)

Библиските пророштва што веќе се исполниле ни даваат цврст темел да веруваме во Бог (Евреите 11:1). Исто така, тие нѐ уверуваат дека Божјите ветувања за подобра иднина ќе се исполнат. На тој начин, библиските пророштва ни даваат сигурна надеж. (Прочитај Псалм 37:29; Римјаните 15:4.)

Како ни помагаат библиските пророштва?

Пророштвата ги поттикнуваат Божјите слуги да преземат нешто. На пример, кога христијаните во првиот век виделе како некои пророштва се исполнуваат пред нивни очи, го напуштиле Ерусалим. Така биле на безбедно кога градот бил уништен затоа што повеќето луѓе го отфрлиле Исус. (Прочитај Лука 21:20-22.)

Пророштвата што се исполниле во минатото ни покажуваат дека Божјето Царство наскоро ќе им стави крај на сите човечки царства и влади (Даниел 2:44; Лука 21:31). Затоа е многу важно веднаш да сториме сѐ што е потребно за Исус Христос, кој е поставен од Бог за Цар, да нѐ прифати како свои слуги. (Прочитај Лука 21:34-36.)