Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Дали Бог ги прифаќа сите религии?

Додека си слушал вести, веројатно си забележал дека во име на религијата понекогаш се прават лоши работи. Тоа покажува дека не е можно Бог да ги прифаќа сите религии (Матеј 7:15). За жал, многу луѓе не се свесни дека е така. (Прочитај 1. Јованово 5:19.)

Но, Бог им обрнува внимание на луѓето што искрено го сакаат она што е добро и вистинито (Јован 4:23). Тој ги повикува таквите луѓе да ја дознаат вистината од неговата Реч, Библијата. (Прочитај 1. Тимотеј 2:3-5.)

Како да ја препознаеш вистинската религија?

Јехова Бог ги обединува луѓето што припаѓале на различни религии со тоа што ги поучува за вистината и ги учи да се сакаат еден со друг (Михеј 4:2, 3). Според тоа, вистинска религија е онаа во која владее љубов меѓу нејзините членови. (Прочитај Јован 13:35.)

Јехова Бог обединува најразлични луѓе во една вистинска религија (Псалм 133:1)

Припадниците на вистинската религија ја темелат својата вера на Библијата и живеат според она што го пишува во неа (2. Тимотеј 3:16). Исто така, тие му оддаваат чест на Божјето име (Псалм 83:18). Освен тоа, го застапуваат Божјето Царство како единствена надеж за човештвото (Даниел 2:44). Тие го следат примерот на Исус и дозволуваат да ,свети нивната светлина‘ така што им прават добро на сите луѓе (Матеј 5:16). Значи, вистинските христијани ќе ги препознаеш по тоа што одат кај другите луѓе за да им ја пренесат добрата вест за Божјето Царство. (Прочитај Матеј 24:14; Дела 5:42; 20:20.)