Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Ни треба подобар свет!

Ни треба подобар свет!

„Живееме во еден свет кој е во хаос“, изјавил Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации. Веројатно сите ќе се согласиме со оваа изјава.

Вестите се преполни со вознемирувачки извештаи за:

  • Болести и пандемии

  • Природни катастрофи

  • Сиромаштија и глад

  • Загадување и глобално затоплување

  • Криминал, насилство и корупција

  • Војни

Очигледно е дека ни треба подобар свет во кој ќе има:

  • Совршено здравје

  • Сигурност и безбедност за секого

  • Изобилство храна

  • Чиста и здрава животна средина

  • Правда за сите

  • Мир на целата планета

На што мислиме кога зборуваме за подобар свет?

Што ќе се случи со светот во кој живееме денес?

Што треба да правиме за да живееме во подобар свет?

Во овој број на Стражарска кула ќе ги најдеме утешните библиски одговори на овие и слични прашања.