Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

КАКО ДА СЕ ПРЕКИНЕ КРУГОТ НА ОМРАЗАТА

4 | Победи ја омразата со помош од Бог

4 | Победи ја омразата со помош од Бог

Библиско учење:

„Плодовите на духот се: љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, доброта, вера, благост, самосовладување“ (ГАЛАТИТЕ 5:22, 23).

Што значи ова:

Кругот на омразата може да го прекинеме со помош од Бог. Со помош на неговиот свет дух може да развиеме особини кои инаку сами не би можеле да ги стекнеме. Затоа, наместо да се трудиме да ја победиме омразата со сопствени сили, да бараме помош од Бог. Тогаш, и ние ќе се чувствуваме како апостол Павле, кој рекол: „Сѐ можам со помош на оној што ми дава сила“ (Филипјаните 4:13). Да, ќе можеме да кажеме: „Мојата помош е од Јехова“ (Псалм 121:2).

Како може ова да ти помогне:

„Јехова ми помогна да се променам и од насилен да станам мирољубив човек“ (ВАЛДО)

Од срце моли го Јехова да ти дава свет дух (Лука 11:13). Барај да ти помага да ги покажуваш неговите особини. Проучувај што вели Библијата за особините со кои може да ја победиме омразата, како што се љубов, мир, стрпливост и самосовладување. Труди се да ги развиваш овие особини. И дружи се со луѓе кои, исто така, се трудат да ги покажуваат. Таквите пријатели може да те поттикнат „кон љубов и кон добри дела“ (Евреите 10:24).