Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Брошурата за описменување Научи да читаш и да пишуваш е отпечатена во милиони примероци на повеќе од 100 јазици

Помош за луѓето да станат писмени

Помош за луѓето да станат писмени

„Писменоста е човеково право, средство за личен напредок и општествен развој“ (УНЕСКО). *

ИЗВЕШТАИТЕ покажуваат дека во целиот свет над 700 милиони луѓе на возраст од 15 години нагоре не знаат да читаат и да пишуваат. Поради тоа, на овие луѓе им е затворена вратата кон знаењето во кое спаѓаат вистините и советите што се запишани во Библијата „за наша поука“ (Римјаните 15:4). Од тие причини, освен што ги поучуваат другите за Библијата, Јеховините сведоци во многу земји им помагаат на оние што се неписмени да научат да читаат и да пишуваат. Сето тоа го прават бесплатно. Дали нивните напори даваат резултати?

Да го земеме за пример делото што го извршуваат Јеховините сведоци во Мексико, земја во која претежно живеат луѓе од шпанското говорно подрачје. Од 1946 год. па сѐ досега, Јеховините сведоци им помогнаа на повеќе од 152.000 лица да научат да читаат и да пишуваат. Голем број од нив подоцна и самите учеа други неписмени луѓе. Во знак на благодарност, Сведоците добија многу писма од владата. Во едно писмо пишува: „Одборот за образование срдечно ве пофалува за вашиот придонес во развојот на Програмата за образование на возрасни“.

И младите и старите извлекуваат корист од образовното дело што го вршат Сведоците. На пример, Хозефина имала 101 година кога почнала да учи да чита и пишува со Јеховините сведоци. Станала писмена за само две години!

Иако службен јазик во Мексико е шпански, Сведоците им помагаат и на оние што зборуваат други јазици да станат писмени. Во 2013 год., тие им помогнале на луѓе од осум староседелски народи да научат да читаат и да пишуваат на својот мајчин јазик.

Навистина, писменоста ширум ги отвора вратите кон знаењето. Но, најважно од сѐ, писменоста им дава можност на сите луѓе да ја читаат Библијата — книга која е напишана под водство на Божјиот свет дух и која може да ги ослободи од оковите на суеверијата, лажните религиозни верувања и погрешните постапки (Јован 8:32).

^ пас. 2 Организација за образование, наука и култура при Обединетите нации.