Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Ирска

Во посета на Ирска

НА „ЗЕЛЕНИОТ ОСТРОВ“ се наоѓаат две држави: поголемата е независна Република Ирска, а помалата е Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство.

Џиновската Патека

Поради обилните дождови, Ирска е распослана со прекрасни зелени предели, по што и го добила името „Зелениот Остров“. Меѓу убавините што го красат овој остров се и живописните езера и реки, како и планините и ридовите нанижани покрај брегот.

Куќичка со сламен покрив

Ирскиот народ е прилично напатен. На пример, се проценува дека во периодот помеѓу 1845 и 1851 год., околу еден милион луѓе умреле од глад и болести како резултат на пламеницата што ги уништила посевите со компир. Спас од бедата мнозина побарале во други земји, како Австралија, Британија, Канада и САД. Денес околу 35 милиони Американци се со ирски корени.

Ирците се познати како срдечни и гостољубиви луѓе. Омилена рекреација им се јавањето и екипните спортови, како што се крикет, рагби, фудбал и ирски фудбал (сличен на обичниот). Кај жените омилен е камоги, екипен спорт сличен на хокеј на трева.

 Ирците многу сакаат и да си муабетат, а музиката зазема посебно место во нивниот живот. Ирскиот танц е познат насекаде. При танцувањето, горниот дел од телото останува неподвижен, а со нозете се изведуваат брзи и прецизни движења.

Ирска музичка група

Во Ирска има Јеховини сведоци веќе над сто години. Моментално, има повеќе од 6.000 Сведоци кои ги поучуваат другите за Библијата.

Некои од традиционалните ирски инструменти, како што се гледа на сликата, се келтската харфа, ирската гајда, виолината, хармониката, ирската флејта и бодранот (удирачки инструмент)

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...

Џиновската Патека на северниот брег на Северна Ирска се состои од илјадници базалтни столбови кои пред многу векови настанале кога лавата се стврднала во контакт со морските води