Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

JenkoAtaman/stock.adobe.com

БИДЕТЕ БУДНИ!

Причини за надеж во 2023 — што вели Библијата?

Причини за надеж во 2023 — што вели Библијата?

 На почеток сме на 2023 год., и сите се надеваме дека нам и на нашето семејство ќе ни се случат убави работи. Зошто можеме да се надеваме на тоа?

Библијата ни дава надеж

 Од Библијата дознаваме една добра вест — дека проблемите со кои се соочуваме сега се само привремени и дека наскоро ќе им биде ставен крај. Всушност, Библијата била напишана „за наша поука, за преку... утехата од Писмата да имаме надеж“ (Римјаните 15:4).

Надеж која може да ти помогне уште денес

 Библиската надеж може да биде како „котва за душата“ (Евреите 6:19). Таа надеж може да ни даде стабилност кога доживуваме проблеми во животот. Може да ни помогне успешно да се справиме со нив, да имаме позитивен став и да бидеме вистински среќни. На пример:

  •   Дознај како надежта од Библијата му помогнала на еден човек кој се борел со една зависност. Гледај го видеоклипот Ми се смачи од животот што го водев.

  •   Дознај како надежта од Библијата може да ни помогне ако ни почине некој близок. Гледај го видеоклипот Утеха за ужалените.

Зајакни си ја надежта

 Многумина се надеваат на убави работи, но не може да бидат сигурни дали тоа навистина ќе се исполни. Но, со она што ни го ветува Библијата е поинаку. Зошто? Бидејќи тие ветувања доаѓаат од Јехова Бог, a „кој не може да лаже“ (Тит 1:2). Само Јехова има моќ да ги исполни сите свои ветувања. Тој може да направи сѐ што сака (Псалм 135:5, 6).

 Од сѐ срце би сакале и ти да извлечеш корист од сигурната надеж што ни ја дава Библијата. Можеш да си ја зајакнеш довербата во таа надеж така што ќе ја проучуваш Библијата (Дела 17:11). Тоа би можел да го направиш со тоа што ќе започнеш бесплатен библиски курс со некој Јеховин сведок. Започни ја 2023 год. со позитивно гледиште за иднината!

a Јехова е личното име на Бог (Псалм 83:18).