Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Anton Petrus/Moment via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Ќе дојде ли до светска војна? Што вели Библијата?

Ќе дојде ли до светска војна? Што вели Библијата?

 Во текот на изминатите 30 години, многу луѓе имаа чувство дека светскиот поредок е стабилен, па дури и сѐ подобар. Сепак, неодамнешните настани го доведоа ова гледиште под голем знак прашалник.

  •   „Израел и Хезболах меѓусебно се напаѓаат долж границата со Либан, додека трае загриженоста дека војната во Газа ќе се одрази врз другите земји во регионот“ (Reuters, 6 јануари 2024).

  •   „Групи контролирани од Иран вршат напади во разни области. Освен тоа, Иран ненадејно почна да ја обновува својата нуклеарна програма и ги има Русија и Кина за свои сојузници. Сето тоа претставува нова закана за западните земји“ (The New York Times, 7 јануари 2024).

  •   „Нападите од страна на Русија продолжуваат да ја пустошат Украина“ (UN News, 11 јануари 2024).

  •   „Растечката економска и воена моќ на Кина, зголемената национална гордост на Тајван и тензичните односи помеѓу Кина и САД создаваат услови кои многу лесно можат да прераснат во конфликт“ (The Japan Times, 9 јануари 2024).

 Дали Библијата спомнува нешто за светската нестабилност што постои денес? Ќе има ли светска војна?

Библијата ги прорекла настаните што се случуваат денес

 Во Библијата нема пророштво за некоја конкретна војна што се случува денес. Сепак, таа ги прорекла неконтролираните војни кои се толку вообичаени за нашево време и кои го одземаат „мирот од земјата“ (Откровение 6:4).

 Во книгата Даниел е проречено дека „во времето на крајот“ светските сили кои се натпреваруваат една со друга ќе се „препираат“, односно ќе се борат за превласт. Таа борба вклучува прикажување голема воена моќ и трошење огромни „богатства“, односно финансиски средства (Даниел 11:40, 42, 43).

Војна која треба да се случи

 Од Библијата дознаваме дека пред ситуацијата во светот да се подобри, прво ќе се влоши. Исус прорекол дека „ќе има голема неволја каква што немало од почетокот на светот“ (Матеј 24:21). Таа голема неволја ќе води до војната наречена Армагедон, која е опишана како „војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“ (Откровение 16:14, 16).

 Меѓутоа, Армагедон нема да го уништи човештвото, туку ќе го спаси. Преку таа војна, Бог ќе му стави крај на човечкото владеење, кое предизвикало толку многу деструктивни војни. За да дознаеш како Армагедон ќе овозможи траен мир, прочитај ги следниве статии: