2. Мојсеева 34:1-35

34  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Изделкај си две камени плочи, исти како оние првите,+ а јас ќе ги напишам на тие плочи зборовите што беа на првите плочи,+ кои ти ги разби.+  И биди готов рано наутро да се искачиш на планината Синај и таму да застанеш пред мене на врвот од планината.+  Никој друг да не се качува со тебе и никој да не се појави на целата планина.+ Ниту ситна ниту крупна стока да не пасе под таа планина“.+  И Мојсеј изделка две камени плочи исти како првите. Стана рано, се искачи на планината Синај, како што му беше заповедал Јехова, а в раце ги зеде двете камени плочи.  А Јехова слезе+ во облакот, застана таму покрај него и го објави името Јехова.+  И Јехова помина пред него објавувајќи: „Јехова! Јехова! Бог милосрден+ и љубезен,+ бавен на гнев,+ полн со милост*+ и вистина,+  кој ја чува својата милост за илјадници,+ простува престап, вина и грев,+ но не ослободува од казна,+ зашто, поради престапите на татковците, ги казнува синовите и внуците до третото и до четвртото колено“.+  Мојсеј побрза да се поклони доземи и падна ничкум.+  Потоа рече: „Јехова, ако сум нашол милост во твои очи, те молам, о Јехова, појди со нас,+ зашто народот е непокорен.*+ Прости ни ги престапите и гревовите+ и земи нѐ за своја сопственост!“+ 10  А тој му одговори: „Еве, јас склучувам сојуз со вас. Пред сиот твој народ ќе направам чудесни дела какви што не се случиле никаде на земјата, во ниту еден народ.+ Целиот народ меѓу кој живееш ќе види што прави Јехова, зашто со тебе ќе направам нешто застрашувачко.+ 11  А ти држи го она што ти го заповедам денес.+ Еве, ќе ги протерам од пред тебе Аморејците, Ханаанците, Хетејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.+ 12  Внимавај да не склучиш сојуз со жителите на земјата во која одиш,+ за тоа да не биде стапица меѓу вас.+ 13  Туку урнете ги нивните жртвеници, разбијте ги нивните обредни столбови и исечете ги нивните обредни диреци.*+ 14  Не клањај се на друг бог,+ зашто Јехова е Бог кој бара да му бидеме оддадени само нему — таков Бог е тој.*+ 15  Затоа, не склучувај сојуз со жителите на таа земја, зашто кога ќе ги почитуваат своите богови*+ и кога ќе им принесуваат жртви на своите богови,+ ќе те повикаат и тебе, па и ти ќе јадеш од нивната жртва.+ 16  Тогаш ќе ги земаш нивните ќерки за своите синови,+ а тие ќе ги почитуваат своите богови,* па ќе ги наведат и твоите синови да ги почитуваат нивните богови.*+ 17  Не прави си леани богови.+ 18  Држи го Празникот на бесквасните лебови.+ Седум дена јади бесквасен леб, како што ти заповедав, во одреденото време во месецот авив,*+ зашто во месецот авив излезе од Египет. 19  Секој првороден ми припаѓа мене,+ а и секое првородено машко од твојата крупна и ситна стока.+ 20  Првороденото од магаре откупи го со грло од ситната стока.+ А ако не го откупиш, скрши му го вратот. Секој првороден од твоите синови откупи го.+ Никој да не доаѓа пред мене со празни раце.+ 21  Шест дена работи, а во седмиот ден држи го денот за одмор.*+ И во време на орање и во време на жетва држи го денот за одмор.+ 22  Слави го Празникот на седмиците,* принесувајќи првини од жетвата на пченицата,+ и Празникот на бербата на преминот од годината.+ 23  Трипати во годината секое твое машко нека дојде+ пред вистинскиот Господар Јехова, Богот на Израел. 24  Зашто, ќе ги протерам народите од пред тебе+ и ќе ги проширам твоите граници.+ Никој нема да ја посака твојата земја кога трипати во годината ќе одиш да го видиш лицето на Јехова, својот Бог.+ 25  Не принесувај крв од мојата жртва заедно со она што во себе има квасец.+ Жртвата принесена на празникот Пасха да не остане преку ноќта до утрото.+ 26  Најдоброто од првините+ од својата земја донеси го во домот на Јехова, својот Бог.+ Не вари јаре во млекото од неговата мајка“.+ 27  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: „Запиши си ги тие зборови,+ зашто на темел на овие зборови склучувам сојуз со тебе и со Израел“.+ 28  И остана таму со Јехова четириесет дена и четириесет ноќи. Ниту јадеше леб ниту пиеше вода.+ И Бог ги напиша на плочите зборовите на сојузот, Десетте заповеди.*+ 29  Потоа Мојсеј слезе од планината Синај. Додека слегуваше од планината, ги носеше в раце двете плочи на Сведоштвото.+ Мојсеј не знаеше дека кожата на неговото лице зрачеше светлина поради тоа што беше разговарал со Бог.+ 30  Кога го здогледаа Мојсеј и видоа дека кожата на неговото лице зрачи светлина, Арон и сите синови на Израел се плашеа да му се доближат.+ 31  Затоа Мојсеј ги повика. Тогаш Арон и сите поглавари на заедницата дојдоа кај Мојсеј, и тој разговараше со нив. 32  Потоа му се доближија и сите синови на Израел, а тој почна да им ги пренесува сите заповеди што му ги беше дал Јехова на планината Синај.+ 33  И кога Мојсеј ќе го завршеше разговорот со нив, преку лицето си ставаше превез.+ 34  А кога ќе влезеше пред Јехова да разговара со него, Мојсеј го симнуваше превезот додека не излезеше пак.+ И излегуваше и им кажуваше на синовите на Израел што му е заповедано.+ 35  И синовите на Израел гледаа дека кожата на Мојсеевото лице зрачи светлина.+ Мојсеј тогаш пак го ставаше превезот преку лицето, додека не влезеше да разговара со Бог.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „тврдоврат“.
Или: „ашерите“.
Побуквално: „Јехова — чие име е Љубоморниот — е љубоморен Бог“. Види ја фуснотата за 2Мо 20:5.
Буквално: „блудствуваат со своите богови“. Види го додатокот 6.
Буквално: „блудствуваат со нивните богови“.
Буквално: „блудствуваат со своите богови“.
Види ја фуснотата за 2Мо 13:4.
Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Или: „Педесетница“, 6 сиван, 50. ден по 16 нисан. Види го додатокот 14.
Односно, Декалогот. Буквално: „Десетте зборови“.