1. Царевите 7:1-51

7  А Соломон го градеше својот дворец тринаесет години+ додека не го доврши целиот свој дворец.+  Ја изгради и куќата наречена Ливанска шума,+ долга сто лакти,* широка педесет лакти и висока триесет лакти, на четири реда кедрови столбови, а на столбовите имаше кедрови греди.+  Горниот дел од куќата над гредите што лежеа на четириесет и петте столба, по петнаесет во еден ред, беше обложен со кедрово дрво.+  Имаше три реда урамени прозорци, така што отворите за светлина+ во три реда стоеја еден спроти друг.  Сите врати и довратници беа четириаголни,+ како и предната страна на отворот за светлина, кои во три реда стоеја еден спроти друг.  Го направи и Тремот од столбови, долг педесет лакти и широк триесет лакти. Напред, пред неговите столбови, имаше уште еден трем со столбови и со покрив.  Потоа го направи Престолниот трем+ каде што судеше, судски+ трем, кој од подот до таванските греди беше обложен со кедрово дрво.+  А неговиот дворец, во кој требаше да живее, се наоѓаше во другиот двор+ и беше зад Престолниот трем. Беше изграден на истиот начин како и тој трем. Соломон изгради и куќа слична на тој трем за фараоновата ќерка,+ со која беше оженет.  Сите тие градби беа направени од скапоцени камења,+ делкани по мера и режани со пила за камен од сите страни, од темелот до венецот на врвот од ѕидот, а и она што беше надвор, дури до големиот двор.+ 10  Темелите им беа од големи скапоцени камења од десет лакти и од осум лакти. 11  Одозгора беа ставани скапоцени камења, делкани по мера, и кедрово дрво. 12  Големиот двор беше опкружен со ѕид од три реда+ делкан камен и еден ред кедрови греди, а исто и внатрешниот+ двор на Јеховиниот дом+ и предворјето+ на домот. 13  И цар Соломон испрати свои слуги да го доведат Хирам+ од Тир. 14  Тој беше син на една вдовица од племето на Нефталим, а татко му беше од Тир+ и работеше со бакар.+ Хирам беше многу мудар и разборит+ и знаеше да изработува секакви предмети од бакар. Така тој дојде кај цар Соломон и му ја заврши целата работа. 15  Излеа два столба од бакар.+ Секој столб беше висок осумнаесет лакти, а за да се опфати секој од тие два столба,+ беше потребно јаже од дванаесет лакти. 16  Направи и две глави* излеани од бакар за врвот од столбовите.+ Пет лакти беше висока едната глава и пет лакти беше висока другата глава. 17  Потоа, за главите што беа на врвот од столбовите+ направи филигрански мрежички со испреплетени украси во вид на синџир,+ седум за главата на едниот столб и седум за главата на другиот столб. 18  Направи и по два реда калинки околу секоја мрежичка за да ги покрие главите на врвот од столбовите. Истото го направи за главите на двата столба.+ 19  Дел од главите на врвот од столбовите, кои стоеја до предворјето, беше во вид на крин+ и беше висок четири лакти. 20  Главите стоеја на двата столба, над заоблената испакнатост околу која се наоѓаше мрежичката. Околу секоја глава имаше по двесте калинки+ во редови. 21  Столбовите+ ги постави до предворјето+ на храмот. Едниот столб го постави од десната страна* и го нарече Јахин,* а другиот столб го постави од левата страна* и го нарече Воас.* 22  Врвот на столбовите беше украсен со кринови. Така беше привршена работата на столбовите. 23  Потоа направи излеано море,+ кое од едниот до другиот раб имаше десет лакти. Беше тркалезно, високо пет лакти, а за да се опфати, беше потребно јаже од триесет лакти.+ 24  Наоколу под работ имаше украси+ во вид на тикви+ кои го опкружуваа морето, по десет украси на еден лакот.+ Имаше два реда украси во вид на тикви излеани заедно со морето. 25  Тоа стоеше на дванаесет бика,+ од кои три гледаа кон север, три кон запад, три кон југ, а три кон исток. Морето стоеше врз нив одозгора, а сите тие со својот заден дел беа свртени навнатре.+ 26  Беше дебело една дланка,*+ а работ му беше изработен како работ на чаша, како кринов цвет.+ Можеше да собере две илјади+ бата.*+ 27  Направи и десет колички+ од бакар. Секоја количка беше долга четири лакти, широка четири лакти и висока три лакти. 28  Вака ги направи количките: имаа страници, кои беа вметнати во рамки. 29  Страниците во рамките беа украсени со лавови,+ бикови+ и со херувими,+ а исто така и рамките. Над и под лавовите и биковите имаше украси во вид на венци.+ 30  Секоја количка имаше по четири тркала од бакар, со оски од бакар, а на четирите агли имаше носачи за оските. Носачите под големиот сад за вода беа излеани заедно со венците што ги поврзуваа меѓусебно. 31  Отворот на садот однатре, од носачите до врвот, беше ...* лакти. Отворот на кој стоеја беше тркалезен, изработен како подножје од лакот и пол, и украсен со резби. Страниците беа четириаголни, а не тркалезни. 32  Четирите тркала и носачите на тркалата беа под страниците на количката. Секое тркало беше високо лакот и пол. 33  Тркалата беа изработени како тркала на обична кола.+ Нивните носачи, обрачи, спици и главини, сѐ беше излеано. 34  На четирите агли од секоја количка имаше четири носачи. Носачите и количката сочинуваа една целина. 35  На врвот од количката имаше стеснување високо половина лакот, сосема тркалезно. Потпорите и страниците што се наоѓаа на горниот дел од количката сочинуваа една целина со неа. 36  На плочките врз потпорите и на страниците изрежа+ херувими, лавови и палми, според големината на празните површини и изрежа венци околу-наоколу.+ 37  На тој начин ги изработи сите десет колички.+ Сите беа еднакво излеани+ и имаа еднакви мерки и еднаков облик. 38  Направи и десет големи бакарни садови за вода.+ Секој сад можеше да собере по четириесет бата* и секој имаше по четири лакти. По еден сад за вода стоеше на секоја од десетте колички. 39  Потоа постави пет колички од десната* страна на домот, а пет од левата* страна на домот.+ Морето го постави од десната страна на домот кон југоисток.+ 40  Хирам+ ги направи големите садови за вода,+ лопатите+ и чиниите.+ На крајот, Хирам ја доврши+ целата работа што му ја вршеше на цар Соломон за Јеховиниот дом: 41  двата столба,+ главите+ во облик на чинии што беа на врвот од двата столба, двете филигрански мрежички+ кои ги покриваа двете тркалезни глави на врвот од столбовите, 42  четиристотините калинки+ за двете филигрански мрежички, за секоја мрежичка по два реда калинки за да ги покријат двете глави во облик на чинии на врвот од двата столба, 43  десетте колички+ и десетте големи садови за вода+ на количките, 44  едното море+ и дванаесетте бикови под морето,+ 45  лонците, лопатите, чиниите и целиот прибор+ што од светнат бакар му ги направи Хирам на цар Соломон за Јеховиниот дом. 46  Царот нареди да се излеат во калапи направени од глина во Јорданската Долина,*+ меѓу Сокот+ и Сартан.+ 47  Соломон и не го мереше целиот тој прибор,+ затоа што беше исклучително многуброен.+ Тежината на бакарот не беше утврдена.+ 48  Соломон го направи и сиот друг прибор за Јеховиниот дом: златниот жртвеник,+ златната трпеза+ на која се ставаше леб пред Бог, 49  светилниците+ од чисто злато,+ пет од десната страна и пет од левата страна пред најприкриената просторија,* златните цветови,+ светилките,+ штипките за гаснење фитили,+ 50  потоа садовите, поткаструвачите на фитили,+ чиниите,+ чашите,+ пепелниците,+ сѐ од чисто злато, и златните лежишта за вратите+ на внатрешните простории, односно на Светињата над светињите, и за вратите+ на храмот* во домот.+ 51  Така цар Соломон ја доврши целата работа околу Јеховиниот дом,+ па почна да ги донесува работите што ги посвети Давид, неговиот татко+ — среброто, златото и другите предмети. И ги стави во ризницата на Јеховиниот дом.+

Фусноти

Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.
Или: „два капитела“.
Или: „на југ“, односно десно од набљудувачот што е свртен кон исток.
„Јахин“ значи „тој ќе втемели“.
Или: „на север“, односно лево од набљудувачот што е свртен кон исток.
„Воас“ веројатно значи „цврстина; во сила“. Имињата на двата столба, судејќи по сѐ, се читале како една целина оддесно налево.
Една дланка е 7,4 сантиметри. Види го додатокот 13.
Околу 44.000 литри. Спореди ги фуснотата за „бат“ во 2Ле 4:5 и додатокот 13.
Бројот недостасува во изворниот хебрејски текст.
Околу 880 литри. Види го додатокот 13.
Или: „јужната“, односно десно од набљудувачот што е свртен кон исток.
Или: „северната“, односно лево од набљудувачот што е свртен кон исток.
Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.
Види ја фуснотата за 1Ца 6:5.
Види ја фуснотата за 1Ца 6:3.